Добредојдовте на web страната на Вила „Мал Св. Климент“
Охрид, Македонија. Bed and Breakfast сместување . Луксузни апартмани и соби.
Ексклузивна вила со 4 ѕвезди, приватно B&B сместување, лоцирана во стариот дел на Охрид блиску „Долна Порта“ во тивка уличка, но само 50-100 чекори до најексклузивните и најпознатите локали и ресторани.
Вилата има седум соби, каде четири од нив се екслузивни соби со оддел за седење и спиење. Сите четири имаат балкон со прекрасен поглед на езерото, пристаништето и плоштадот. Капацитетот е 2+2. Истотака вилата има и две 2+1 соби, како и една двокреветна соба.
Вилата е опремена со централно греење со можност за индивидуално регулирање на температурата во секоја соба.
Сите соби имаат посебно ВЦ и туш кабина, фен, клима уред, кабелска телевизија, ДВД-плеер, мини-бар, апарат за кафе и чај, влечки, сеф, директна телефонска линија и сигуроносно копче за повик до обезбедувањето.
Безжичнен брз интернет е достапен бесплатно, како и бодибилдинг и фитнес тренинг со професионален тренер во најдобриот локален фитнес клуб „Fitform“
Достапен со доплата е и лап-топ за изнамување, сервис за перење, масажа, туристички водич, такси чамец, како и шатл сервис.
Специјална Промоција:
На секои 5 вечери поминати во вилата, Вие добивате една вечер
потполно ГРАТИС!
